недела, 20 октомври 2024

Лукашенко го пропушти ручекот со Путин во Кремљ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лукашенко изгледаше уморно, а на десната рака носеше завој, пишува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека изгледот на белорускиот претседател поттикнал шпекулации на социјалните мрежи за неговото здравје.

На видеото објавено на интернет се гледа како Лукашенко разговара со Путин и со военото раководство по воената парада на Црвениот плоштад, по што е пренесен до Споменикот на непознатиот херој, за разлика од Путин и другите лидери кои пешачеа до споменикот.

Сепак, после тоа го пропушти државниот ручек што Путин го приреди во Кремљ.

Белоруските власти не ја коментираа здравствената состојба на Лукашенко, но беше забележано дека тој се појавил на само два јавни настани во последните две недели, а на едната бил зарипнат, пишува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ