четврток, 28 ноември 2024

Лукашенко: Белоруските противвоздушни сили уништија беспилотни летала од Украина

Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави денеска дека белоруските противвоздушни сили уништиле неколку цели над територијата на земјата лансирани од Украина.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Белоруската новинска агенција Белта објави дека Лукашенко изјавил дека најверојатно станува збор за беспилотни летала лансирани од Украина, без да наведува никакви докази, објави белорускиот сервис на Радио Слободна Европа.

Украина не ја коментираше изјавата на Лукашенко.

Лукашенко рече дека „околу десетина“ цели го нарушиле белорускиот воздушен простор во источниот регион Могилев, кој се граничи со Русија, што го натера Минск да ги стави своите воздушни сили и воздушните одбранбени сили во состојба на готовност.

Тој додаде дека други цели биле „превезени“ во Русија и подоцна уништени во близина на рускиот град Јарослав.

Претходно денеска руското Министерство за одбрана објави дека руските сили пресретнале шест беспилотни летала во областа Јарослав.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ