петок, 25 октомври 2024

Лука Станковски е хит во таборот на Раднички, постигнува гол на трет меч во низа (ВИДЕО)

Лука Станковски игра во одлична форма по преселбата во Раднички, вечерва ја затресе и мрежата на Јединство, па на три натпревари во низа се запишува во листата на стрелци.

Објавено на

часот

Сподели

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Станковски игра во фантастична гол-форма во дресот на Раднички во српската Суперлига.

Откако претходно погоди против ТСЦ и Чукарички, вечерва ја затресе и мрежата на Јединство во победата од 4-0 на неговиот тим.

Во 33. минута од натпреварот, Зељковиќ одлично пројде, врати топка во срцето на шеснаесетникот, а Лука Станковски рутински реализираше за 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ