петок, 18 октомври 2024
Црно-белите ја слават втората победа над Реал Мадрид

Лудница на аеродромот во Белград, навивачите на Партизан ги пречекаа своите херои (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Кошаркарите на Партизан синоќа направија нова сензација, не само што го победија Реал Мадрид на негов терен, туку го надиграа, беа подобри во текот на целиот меч.

На крајот имаше немили сцени откако фрустрациите од резултатот кошаркарите на Реал Мадрид ги преточија во голем инцидент поради кој се прекина мечот.

На аеродромот „Никола Тесла“ во четири часот наутро, навивачите на Партизан ги пречекаа своите херои. Пееа песни и им ги скандираа имињата.

Третиот меч меѓу Партизан и Реал Мадрид се игра во Белград во вторник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ