недела, 20 октомври 2024

Луд потег на Циципас, на противникот не му се веруваше (ВИДЕО)

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас имаше несекојдневен поен против белгискиот тенисер Зизу Бергс, противникот беше во неверување.

Објавено на

часот

Сподели

Циципас требаше да игра против Беретини во првото коло, но Италијанецот откажа, па Гркот го доби белгискиот тенисер, Зизу Бергс.

Стефанос Циципас го доби мечот со 3-1 во сетови, а еден поен беше посебно брилијантен.

Гркот имаше необична реакција на мрежа откако успеа да го удри топчето додека се наоѓаше на половината на противникот. На Белгиецот не му се веруваше.

„Ударот беше извонреден, но не знам ни сакам како го направив тоа. Кога имаше волеј на мрежа, мислев дека поенот е завршен, но решив да си дадам последна шанса и успеав. Не се откажав и мислам дека тој поен беше пресвртница во мечот“, вели Циципас.

Циципас го загуби првиот сет со 7-5, а потоа ги доби наредните три со 6-1, 6-1 и 6-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ