ПСЖ лошо ја почна сезоната во Лигата на шампионите, во првите четири кола има само една победа, а ќе биде тешко тимот на Луис Енрике тоа да го поправи во Минхен кај Баерн.
Ниту Баварците не блескаат, но собраа повеќе бодови, по четири одиграни меча имаат две победи и два порази. Бодовите им се важни и на двете екипи.
Барселона го пречекува тимот на Брест кој е најголемото изненадување во досегашниот дел од Лигата на шампионите. Францускиот тим е на високото четврто место со само два загубени бодови од можни 12.
Каталонците очекуваат тие да бидат екипата која ќе му го нанесе првиот пораз на Брест во ЛШ оваа сезона.
Интересно ќе биде да се види како ќе продолжи Спортинг без својот тренер Рубен Аморим кој замина во Манчестер јунајтед. Португалскиот тим благодарение на стручноста на Аморим се наоѓа на фантастичното второ место на табелата, а првиот предизвик без одличниот стратег е тимот на Арсенал.
Возбудливо треба да биде и во Милано каде Интер го пречекува Лајпциг. За германскиот тим нема да настапи Елмас кој е во аут поради повреда.
Денешни натпревари од ЛШ:
Слован Братислава – Милан
Спарта Прага – Атлетико Мадрид
Барселона – Брест
Баер Леверкузен – Салцбург
Баерн – ПСЖ
Интер – Лајпциг
Манчестер Сити – Феенорд
Спортинг – Арсенал
Јанг Бојс – Аталанта