понеделник, 28 октомври 2024

Ловечка пушка, пиштол и марихуана најдени во БМВ со гостиварски таблички

Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 18 часот и 40 минути, на улица Вонвардарска во Тетово, го лишиле од слобода М.Т. (28) од гостиварско Неготино.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, при негов и преглед на патничкото моторно возило БМВ со гостиварски регистарски ознаки, кое М.Т. го управувал, биле пронајдени и одземени ловечка пушка со 3 патрони, пиштол со 5 куршуми калибар 7,65 милиметри и марихуана.

Пушката и пиштолот тој ги поседувал без потребните документи. М.Т. е задржан во полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, додава МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ