четврток, 18 јули 2024

Лош ден за македонските тенисери на фјучрсот во Скопје, помина само Марковски

Објавено на

часот

Сподели

Се играа и неколку финалиња од квалификациите, во едно од нив настапи Стефан Мицов кој загуби со 2-0 од Романецот, Нини Габриел Дица. Противникот ги доби сетовите со 6-4 и 6-0.

Во првото коло денеска настапи само Шендрит Деари кој го предаде мечот против Босанецот Мирза Башиќ во третиот сет. Башиќ го доби првиот сет со 6-1, во вториот Деари беше подобар со 6-4, а во третиот решавачки Босанецот водеше со 3-0 кога Македонецот реши да прекине поради повреда.

Дури четири двојки составени од македонски тенисери го завршија настапот на турнирот.

Понатаму помина само Обрад Марковски кој со својот партнер од Хрватска, Вито Тонејц беа подобри од белгиската двојка Тибо Колсон и Кристофер Хејман со 2-1 (7-5, 1-6, 10-5) во сетови.

Берк Бугариќ и Калин Ивановски беа елиминирани од вторите носители, Саша Вајенбург и Антоан Оанг од Франција. Французите победија со 2-1 во сетови. Нашите го добија првиот сет со 7-6 (7-5), во вториот имавме три меч топки кои не ги искористивме, Французите ја искористија петтата сет топка и со 14-12 го добија тајбрејкот. Во решавачкиот трет сет Французите беа подобри со 10-7.

Бесир Дургути и Томислав Јотовски беа поразни од Британците, Рајан Голворти и Џејмс Маккинлеј со 6-2 и 6-4.

Амар Хусеиновиќ и Филип Стојановски беа поразени од грчките тенисери Христот Антонопулос и Јоанис Ксилас со 2-1. Првиот сет го добија нашите тенисери со 7-6, вториот им припадна на Грците со 6-3, третиот го добија со 13-11.

Елиминација забележаа и Елдин Хусеиновиќ и Марко Столиковски кои беа поразени од двојка составена од грчкиот тенисер Стефанос Скинас и Чилеанецот Ханс Алберт. Беше 2-0 за противниците, 7-6 и 6-3.

Утре во сингл конкуренција како дел од првото коло ќе играат повеќе македонски тенисери меѓу кои и Калин Ивановски кој е четврти носител на турнирот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ