„Почнати се подготовките и внатрепартиски средби со членството на различни нивоа во пресрет на локалните избори. Во следниов период ќе почнат разговори и за заеднички настап со партнерите ЗНАМ и Вреди. Кога имате коалиција природно е да има заеднички настап на локалните избори, во одредена форма“, рече Мицкоски.
Тој не прецизираше во каква форма би била поддршката, односно дали би бил договор за заеднички кандидати за градоначалници или договорот се однесува за гласањето во вториот круг од изборите.
Мицкоски истакна дека мецесов ќе одржува внатрепартиски средби кои би завршиле до април.
Претходно, и вицепремиерот Изет Меџити од коалицијата Вреди изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и Вреди имаат план за заеднички настап–меѓусебна поддршка за градоначалници во првиот или вториот круг, додека пак советничките листи да им бидат посебни.
Од СДСМ најдоцна до крајот на април планираат да ги објават кандидатите за градоначалници. Лидерот на партијата Филипче пред неколку денови изјави дека подготовките се во тек, а се разгледува и коалицискиот капацитет, но не со поранешните партнери ДУИ. Според него искуството покажало дека е потребно да се дистанцираат од нив.