недела, 16 март 2025

Во БиХ почнува дводневен бојкот на продавниците

На иницијатива на граѓаните организирани под називот „Бојкот БиХ“, утре ќе се одржи нов, дводневен бојкот на купувањето во трговските центри и супермаркетите во Босна и Херцеговина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа неформална група преку социјалните мрежи повика на нов бојкот како одговор на постојаниот раст на цените на основните прехранбени производи, и покрај најавите на ентитетските влади за мерки за нивно ограничување.

Владата на Федерацијата БиХ претходно најави дека ќе донесе одлука за „замрзнување на цените“ за вкупно 50 производи, додека владата на Република Српска најави засилување на инспекциските надзори и казнување на трговците поради неоправдано кревање на цените.

Министерот за трговија на Федерацијата БиХ Амир Хасичевиќ изјави во вторникот дека владата планира да ги намали цените и да ги задржи на пониско ниво за најмалку 50 основни прехранбени производи, во обид да се намалат вкупните животни трошоци на граѓаните.

Првиот бојкот на продавниците кој граѓаните на БиХ го организираа на последниот ден на јануари според податоците на даночните управи на двата ентитета во БиХ не бил успешен.

Граѓанските иницијативи во БиХ и во другите земји во регионот продолжуваат да вршат притисок врз властите и трговските ланци за да се спречи понатамошно неоправдано зголемување на цените на основните производи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ