понеделник, 24 март 2025
Сестрата на загинатата Фросина

Aпел на Росица Кулакова до медиумите: Не го објавувајте видеото!

Во писмото до јавноста, Росица Кулакова, сестрата на загинатата Фросина, вели дека добила информација дека утре Сашо Дуковски, адвокатот на обвинетиот Васил Јованов, на утрешната конференција за медиуми има намера да објави „некакво видео на кое се гледа како Васо вришти над мртвото тело“.

Објавено на

часот

Сподели

„Познавајќи го неговото минато и адвокатски стил, јасна е целта на Дукоски: да го очовечи убиецот на сестра ми. Да покаже како вришти затоа што му е жал за Фросина, а тој всушност вришти затоа што знае што следи и што го чека него! Вришти затоа што знае што го чека со оглед на неговото криминално минато. Испраќам апел до сите медиуми видеото да не биде објавено, прво од почит кон починатата, а потоа и кон семејството, како и кон целата јавност, која веќе е доволно згрозена од оваа трагедија. Па не ли беше доволно хорор…“, се вели во писмото на Росица Кулакова.

По несреќата, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Васил Јованов над мртвото тело на Фросина извикува „што направив, што направив“.

На 29 јануари на булеварот Партизански одреди во Скопје во вечерните часови Васил Јованов со возилото на својот татко со огромна брзина, без возачка дозвола, на црвено светло, на пешачки премин ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ