сабота, 15 март 2025

Иранците објавија прва снимка од носачот на дронови и хеликоптери (ВИДЕО)

Иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) ја објави првата снимка од својот нов носач на дронови и хеликоптери, пружајќи увид во напредокот на иранската воена технологија. На снимката, меѓу другото, се гледа и ирански „невидлив“ дрон, што предизвика значително внимание на меѓународната заедница.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според извештаите на иранските државни медиуми, носачот е опремен со напредни системи за лансирање и управување со беспилотни летала, како и со капацитети за сместување хеликоптери. Иранците тврдат дека станува збор за значителен исчекор во капацитетите на иранската морнарица, кој го зголемува оперативниот дострел на нивните воздушни сили.

Особено е интересно тоа што на снимката може да се види и иранскиот „невидлив“ дрон „кахер-313“, кој во минатото се сметаше за борбен авион тешко видлив за радарите. Меѓутоа, западните аналитичари и воени експерти со години се скептични околу реалните можности на овој проект. „Кахер-313“ првично беше претставен како „невидлив“ борбен авион уште во 2013 година, но никогаш не влезе во сериско производство, а постојат сериозни сомнежи околу неговата функционалност и реалните „стелт“ капацитети.

Снимката доаѓа во момент на засилени тензии меѓу Иран и западните земји, особено со Соединетите Американски Држави и Израел. Иран во последните години го интензивираше развојот на беспилотните летала, што предизвика загриженост меѓу западните воени аналитичари.

Експертите сметаат дека иранскиот напредок во технологијата на дроновите претставува предизвик за постоечките одбранбени системи во регионот, односно Израел. Способноста на Иран да ги интегрира дроновите на поморски платформи дополнително ја зголемува нивната стратегиска флексибилност и способност за одвраќање.

Според достапните информации, носачот би можел да служи како мобилна платформа за различни видови ирански дронови, вклучувајќи јуришни и извидувачки модели. Иран веќе покажа дека има способност да ги користи дроновите во регионалните конфликти.

Меѓутоа, најголема енигма останува „кахер-313“, бидејќи неговото појавување на снимката предизвика бројни реакции. Експертите веруваат дека овој проект повеќе има пропагандна цел отколку што е оперативна воена технологија.

Имајќи го предвид развојот на иранската беспилотна програма, Соединетите Американски Држави и нивните сојузници внимателно ја следат ситуацијата. Вашингтон и Тел Авив повеќе пати ја истакнаа загриженост поради иранскиот напредок со дроновите, бидејќи Иран им ги испорачува на сојузниците и проиранските милитантни групи низ Блискиот Исток.

Останува прашањето дали Иран навистина успеал да развие функционален носач на дронови способен за извршување комплексни операции или ова е уште еден пропаганден потег на Техеран. Сигурно е тоа дека Иран не планира да сопре со развојот на својата воена технологија, а реакциите допрва се очекуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ