вторник, 22 октомври 2024

Лога до Мицкоски: Судството е такво зашто ги има „сваровски“ кадрите и лица од „тефтерчето“

Уште има лица во правосудството од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога се тие се избираа од „тефтерчето“ и беа „сваровски“ кадри, реагира министерот за правда во заминување Кренар Лога на денешните изјави на мандатарот Христијан Мицкоски. Реагира на изјавите на Мицкоски, кој најавувајќи радикални реформи во судствтвото го обвини токму Лога дека наместо да критикува и да го избира Зајас за своја „почва“, можел да спроведе реформи во правосудството. Лога директно го поврзува Мицкоски со Никола Груевски, па вели дека веројатно „милијардата од него ќе дојде“.

Објавено на

часот

Сподели

Во својата реакција Лога вели:

„Среќата за да бидете премиер уште од 2020 ви беше меѓу Зајас и Мала Речица, понекогаш и седиштето Ви беше таму, односно како замрзнат имот пред суд. Можеби и бевте во право, но тогаш судбината, според Вашите луѓе, висеше во тие координации.

Почитуван гoсподине Мицкоски, јас сум одговорен за Министерството за правда од 1 март 2023 година и мојата одговорност е ограничена поради фактот што сите тие кадри со кои вие спинувате, се вработени како дел од вашето владеење од 2006-2017, некои од тефтерчето на Горде, некои од ‘сваровски’ судството кои вие повеќе од една деценија си го изградивте.

И за крај, судскиот систем уште не може да застане на нозе поради фактот – човекот на кој вие му бевте генерален секретар, односно човекот кој ве избра да бидете претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

И милијардата евра од него ќе ви дојде, и првата официјална посета ќе биде од страна на неговиот чувар“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ