вторник, 22 октомври 2024

Наместо меѓу експертите, Лога ги наоѓаше кадрите во Зајас, обвини идниот премиер Мицкоски

Реформи во правосудството и Судскиот совет ќе има, но прво ќе се слушнат мислењата на експертите бидејќи тие се секогаш добредојдени, истакна денеска мандаторот за состав на новата влада, Христијан Мицкоски, пред средбата со градоначалниците на Генералното собрание на ЗЕЛС во Скопје. Тој ја коментираше и изјавата на министер за правда Кренар Лога дека во правосудството се потребни реформи, кој упати критики за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот совет.

Објавено на

часот

Сподели

„Очекувам во таа дебата со експертите да ги слушнам и решенијата, за проблемите коишто евентуално тие ќе ги посочат. Што се однесува до самата реформа, ние излеговме пред граѓаните добивме половина милион гласа, отворивме фронт и борба против криминалот и корупцијата и една од мерките беше таа којашто јавно ја зборуваме на секој настан, на секоја средба со граѓаните“, рече Мицкоски.

Што се однесува за ставот на Лога, Мицкоски му порача дека тој како актуелен министер за правда имал можност во својот мандат да ја зголеми довербата на граѓаните во судската власт, да направи реформи, но како што рече тој, за жал Лога оваа шанса  ја пропуштил, а сега ќе дојде некој друг на негово место да ги направи реформите.

„За жал тој одлучи наместо да работи за граѓаните, плодна почва од каде што ќе се изнајдат кадрите во обвинителството и посебно во судството да биде Зајас. Мислам дека лоша локација на ‘гугл мапс’ нашол, требало да најде поинаква, а тоа е во канцеларијата на министерот за првда, експертите, да работи, да соработува. Така што ве молам да ја почитуваме волјата на повеќе од половина милион граѓани, а сега како коалиција и повеќе од 600.000 граѓани, коишто на изборите јасно и недвосмислено ја дадоа поддршката за овој тип на реформи“, изјави Мицкоски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ