понеделник, 28 октомври 2024

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа нерешено на радост на Арсенал (ВИДЕО)

Големото дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Сити заврши нерешено 1-1, резултат кој го остави Арсенал на врвот на табелата во Премиерлигата.

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот беше отворен во 23. минута кога по асистенција од Кевин де Брујне, Стоунс постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0.

На почетокот од второто полувреме Едерсон направи прекршок за пенал врз Дарвин Нуњез, судијата покажа на белата точка. Мекалистер го реализираше пеналот за израмнување на 1-1.

При ударот врз Нуњез, Едерсон се повреди, па некоја минути подоцна мораше да го напушти теренот откако сфати дека не може да продолжи.

До крајот на мечот и двете екипи имаа шанси за победи, но никој не постигна втор гол.

Овој резултат најмногу му одговара на Арсенал кој остана на врвот на табелата во Премиерлигата со ист број на бодови како и Ливерпул, но подобра гол разлика, Манчестер Сити има бод помалку од нив.

Во следното коло, на 31. март играат Манчестер Сити и Арсенал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ