Тој се сомничи дека денеска околу 05.30 часот во казино во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, со употреба на сила над вработениот, одзел пари од касата. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.