На средбата се разговарало за конкретни теми, како продлабочување на соработката и засилување на поддршката на жените жртви на семејно насилство и нивите деца, преку обезбедување на прифатилишта (шелтер-центри) во целата држава.
Тема на разговор била и поддршката на руралните жени, во насока на обезбедување на услови за нивно активирање на пазарот на трудот и можности за згрижување на децата во предучилишни установи во средината каде што живеат. Ова, велат од министерството, претставува двојна придобивка со тоа што тие стануваат и економско независни, а нивните деца вклучени во предучилишниот процес, од што бенефит имаат и самите тие и државата.
Од страна на регионалната директорка, Санз Луке била искажана поддршка и во проектите и мерките за младите, со акцент на младите девојки и нивна поголема видливост во општеството.
Двете страни се согласиле на зајакната соработка преку заеднички проекти и потпишување на меморандум за соработка во областите кои ги покрива министерството.
Взаемниот заклучок на крајот бил дека доколку не се имплементираат законите, тие залудно се напишани на хартија.
Од Министерството за социјална политика, демографија и млади, велат дека Македонија направи значителен исчекор напред во заштитата на човековите права на жените со усвојувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и измените на Кривичниот законик.