понеделник, 21 октомври 2024

Лиле Стефанова е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство

Лиле Стефанова е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство и стана еден од десетте заменици на републичкиот јавен обвинител. Обвинителката Лиле Стефанова за прв пат е избрана за обвинител во ОЈО Радовиш од каде работела од 2004 до 2010. По ова до 2015 е обвинител во ОЈО ГОК, а потоа од 2015 до 2019 е избрана за обвинител во СЈО. Таа има работен стаж како обвинител од 18 години. 

Објавено на

часот

Сподели

На позицијата републички јавен обвинител уште неколку дена е обвинителот Љубомир Јовески, затоа што мандатот му истекува на 25 декември. Стефанова беше дел од тимот на СЈО, а до пред изборот работеше во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Таа е позната по предметите како Империја и Плацеви на Водно, кои завршија со осудителни пресуди за обвинетите.

Во овие предмети беше извршена и конфискација, односно беше одземен имотот на братучедите, екс-премиерот Никола Груевски и екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ