сабота, 19 октомври 2024

Лидерот на Сириза стапи во брак со својот партнер

Претседателот на грчката опозициска Сириза Стефанос Каселакис во САД стапи во брак со неговиот партнер, јави дописничката на МИА од Атина. 

Објавено на

часот

Сподели

Со оглед на тоа дека во Грција не е легализиран бракот на истополови парови, Каселакис и неговиот партнер Тејлор Макбет ќе склучат цивилен брак во САД, каде што и живееја пред новиот лидер на Сириза да ја достави кандидатурата за претседател на најголемата грчка опозициска партија.

Портпаролката на Сириза Дора Авгери, говорејќи за телевизијата Опен, откри дека церемонијата се одржала во кругот на семејството со еден сведок, а на лето Стефанос и Тајлер ќе направат прослава во Грција.

Авгери се осврна и на важноста и во Грција да се легализираат истополовите бракови, повикувајќи го грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да го направи следниот чекор во оваа насока.

„Многу е важно во 2023 година и како одминува времето да им се даде еднаква можност на луѓето да ги вкусат среќата и радоста онака како што тие сакаат. Без стереотипи и општествени принуди, рече портпаролката на Сириза.

Каселакис отворено говори за неговата сексуална ориентација, нешто што го спомена и во видеото кога ја објави кандидатурата за претседател на Сириза, додека пак неговиот партнер Тајлер е постојано со него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ