вторник, 22 октомври 2024

Лидерот на Хезболах: Целта е постигната во нападите на северот на Израел

Лидерот на либанскиот екстремистички Хезболах, Хасан Насрала изјави дека целта на таа организација во текот на изминатите девет месеци од речиси секојдневните напади на северот на Израел била „материјално, финансиски и психички да го исцрпи непријателот“ и оцени дека тоа е постигнато.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во говорот на комеморацијата за високиот функционер на Хезболах, Мухамед Насер, убиен во израелски напад минатата недела, Насрала рече дека судирите на либанската граница успешно го оддалечиле Израел од војната против палестинскиот Хамас во Појасот Газа.

Ситуацијата на северот на Израел ја натера таа земја да сфати дека мора да ја запре „агресијата во Газа“ доколку сака да ги запре нападите на Хезболах, ги пренесуваат израелските медиуми извештаите на агенцијата.

Насрала најави дека и Хезболах ќе ги прекине своите напади „без дискусија“ доколку прекинот на огнот е резултат на преговорите меѓу Хамас и Израел.

Хезболах започна ракетни напади врз северниот дел на Израел, еден ден по ненадејниот напад на Хамас на југот на земјата на 7 октомври, што доведе до ограничени судири по должината на границата.

Нападите постепено ескалираа, Хезболах користи ново оружје, а Израел изведува напади сè подлабоко и подлабоко на либанска територија.

Од октомври минатата година, кога започна војната во Газа, во израелските воздушни напади загинаа повеќе од 450 лица во Либан, главно борци на Хезболах, но и повеќе од 80 цивили.

Од израелска страна загинаа 17 војници и 11 цивили. Десетици илјади лица од двете страни на границата се раселени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ