петок, 22 ноември 2024

Левица бара инспекциски надзор за сликите со голема Албанија во ООУ „Браќа Миладиновци“

Левица поднесе претставка за вршење вонреден инспекциски надзор до Државниот просветен инспекторат за работењето на вд директорката во ООУ „Браќа Миладиновци” – Струга. Се работи за скандалозни фотографии во училиштето, каде ученици и наставници се сликани со карти од голема Албанија, што претставува отворен иредентизам и ширење на меѓуетничка омраза, соопшти Левица.

Објавено на

часот

Сподели

    „Ваквото однесување не доликува за една образовна институција во државата и е во спротивност со чл. 9 од Законот за основно образование. И претходно побара итно разрешување на вд директорката, за која постојат и сомневања дека е незаконски назначена од страна на градоначалникот Рамиз Мерко.
    Неказнивоста на функционерите на ДУИ доведе до секојдневно непочитување на законските прописи и ескалира до степен на ширење великоалбански идеи во образовни институции – скандал кој не се толерира во ниту една европска држава.

    Ќе ги искористи сите механизми кои ги има на располагање, со цел ваквото непочитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија најстрого да биде санкционирано“, се вели во реакцијата на Левица.

    ТОП ВЕСТИ

    ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ