понеделник, 25 ноември 2024

Левица за Рамковниот договор – неосудените воени злосторници носители на јавни функции

Под силен притисок од страна на колективниот Запад и „стратешкиот партнер“ САД, пред 23 години е потпишан т.н. Охридски рамковен договор како решение за повеќемесечниот вооружен конфликт поредизвикан од терористичката УЧК. Со овој договор се официјализираше неоколонијалниот статус на Република Македонија, по што етно-трибалистичката политика стана институционализирана, се вели во денешното соопштение на Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„По потпишувањето на овој договор, економската елита поткрепена од странски фактор, создаде етнички поларизирана политичка елита, којашто континуирано стимулирајќи етнички раздор, ги задоволува своите профитерски и милионерски нагони, непрекинато ги празни џебовите на граѓаните.

Убедувањето од апологетите на Рамковниот договор дека ќе воспостави соживот и хармонична општествена состојба помеѓу различните етникуми во Македонија додека се задржува нејзиниот унитарен карактер никогаш не стана пракса. Наместо ова, Рамковниот договор и последователните уставни измени ја имаат институционализирано поделбата помеѓу различните етникуми преку озлогласениот ‘балансер’, и доведе до сегрегација на етничка основа и воспоставување на консоцијален политички систем, којшто не само што ги влошува меѓуетничките односи, туку и постепено води кон нарушување на унитарниот карактер на Републиката.

Македонскиот народ како и секој од етникумите што ги вклучува во себе, мора да разберат дека целиот вештачки создаден раздор се создава од страна на политичките елити потписнички на овој договор. Истиот се користи како дериват за да го одвлекува вниманието од нивните валкани игри, што им служат за полнење на џебовите и создавање се поголема класна разлика.

Принципиелно се залагаме за раскинување на договорот и последиците од истиот зареди кои живееме во поделено општество. Потенцираме дека идентично со мислењето од Советот на Европа се залагаме за процесуирање на Хашките случаи затоа што воените злосторства не застаруваат.

Потсетуваме дека засегнати во овие случаи се поранешни високи функционери и сега пратеници од ДУИ како Талат Џафери и лидерот на ДУИ – Али Ахмети, како и многу други поранешни функционери, кои 23 години поддржувани од СДС и ДПМНЕ ја разоруваат македонската држава.

Да не се заборави дека дел од актуелните функционери на ДПМНЕ беа дел од пратениците кои во 2011 година гласаа за амнестијата на воени злосторства. Во оваа група пратеници спаѓаат: министерот Александар Николоски, потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, заменик министерката за Култура Ане Лашкоска и други.

Без осуда на минатото не може де се гради мирно и демократско општество“, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ