понеделник, 25 ноември 2024

Левица за пожарите: Ангелов е во ролја на суперхерој по влечки, претседателката не мрда со прст, а Мицкоски глуми жртва

„За повеќе од еден месец во пламен е 2% од територијата на Македонија – претседателката на Републиката не мрдна со прст, поремиерот традиционално глуми жртва на претходната власт, а директорот на ЦУК е во ролја на суперхерој по папучи што гаси пожар со гранки! Во меѓувреме не е набавено, буквално, ниту едно ново противпожарно возило“, реагира Левица, а за состојбите ја обвинува и СДСМ.

Фото илустрација - Левица

Објавено на

часот

Сподели

„Дериватот од Владата на Заев во Владата на Мицкоски, Стојанче Ангелов, го гледаме на разноразни ‘пеколни’ авантури, како снима очајни видеа за беден ПР, додека нема обезбедено никакви минимални услови за справување со кризи. Ова уште еднаш потврдува каква штета трпат народот и Републиката заради системската негрижа на СДСМ и ДПМНЕ од една страна и назначувањето на функционери како политички дил од друга страна“, наведува Левица.

Можеби, за пет години директорување, Стојанче нема издејствувано да се обезбеди соодветна опрема за пожарникарите, противпожарни возила, ер трактори, пилоти, систем за превенција од пожари, лоцирано критични точки и во соработка со другите институции обезбедено стража во кризните поддрачја, но затоа ЦУК има совршено лош ПР од каде преку видео записи, секојдневно ни ја претставува сопствената некадарност за справување со кризи, се вели во соопштението на партијата.

„Дополнително, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) со години е тотално нефункционална, а Владата најави спојување на две нефункционални институции и очајно се надева дека тоа ќе создаде една функционална, што е тотално несериозно.
Потсетуваме дека оваа агенција има добиено неколку проекти од милионска вредност, токму за превенција и справување со пожари, за кои е очевидно како се ‘реализирани’“, нагласуваат од Левица и додаваат дека државата претрпе огромните материјални и нематеријални штети, еколошката катастрофа, но дека одгворност засега не е побарана од никого.

„Повторно прашуваме: Дали можеше да се превенираат дел од пожарите? Колку хектари шума ќе беа спасени од огнената стихија, доколку како држава поседуваме соодветна противпожарна техника? Зошто работниците се принудени сериозно да го загрозуваат својот живот поради необезбедувањето соодветна опрема од државата? Каде се средствата од проектите за превенција од пожари? И главното прашање: Kој ќе поднесе одговорност и како ќе биде надоместена штетата предизвикана заради неодговорност?“, се вели во реакцијата на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ