среда, 11 декември 2024

Левица предлага нов модел за вработувања во установите од областа на културата

Наместо да се одлучува во партиските штабови, велат од Левица, партијата предлага за новите вработувања во установите од областа на културата да одлучува комисија составена од директорот на установата, пет вработени со повисок ранг од кандидатите и претставник од репрезентативниот синдикат.

Објавено на

часот

Сподели

Според Левица, оваа мерка има за цел да го намали партискиот клиентелизам и да обезбеди квалитет при вработувањата.

Пратеникот Реџеп Исмаил – Хактан предложи амандмани со, како што велат од партијата, конкретни решенија за најгорливите проблеми

Првиот амандман се однесува на транспарентни и објективни вработувања.

„Наместо да се одлучува во партиските штабови, Левица предлага за новите вработувања во културните установи да одлучува комисија составена од директорот на установата, пет вработени со повисок ранг од кандидатите и претставник од репрезентативниот синдикат. Оваа мерка има за цел да го намали партискиот клиентелизам и да обезбеди квалитет при вработувањата“, се анведува во соопштението од Левица.

Вториот амандман се однесува на, како пто тврдат од Левица прекин на злоупотребите со надворешни соработници.

„Со цел рационално користење на буџетот, предлагаме исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари, а често се непотребен товар за установите. Работата што тие ја извршуваат ќе биде распределена на постоечкиот кадар и волонтери, со што ќе овозможи соодветно користење на финансиските ресурси, како и поттикнување на вистинска посветеност кон културата“, велат од партијата.

Третиот амандман пак, се однесува на ограничување на надоместоците за членовите во Советот за култура.

„Предлагаме максималниот износ на надоместок за членовите на Советот за култура да биде ограничен на висината на просечната плата. Оваа мерка ќе го спречи самоволието на Министерот за култура, ќе ја намали злоупотребата на јавните средства и ќе ја елиминира можноста за политички поткуп при изборот на членовите на советодавните тела. Со овие амандмани, Левица се залага за целосна професионализација на културниот сектор, воспоставување на интегритет на институциите и ставање крај на политичките злоупотреби“, се навдува во соопштението на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ