среда, 30 октомври 2024

Левица ќе поднесе интерпелација за Милошоски зашто замина на Самитот на ИПАК

Политичката партија Левица најави дека денеска ќе поднесе интерпелација за пратеникот Антонио Милошоски, потпрестседател на Собранието затоа што тој, вчера и денеска учествува на Самитот на најголемата неформална група на пратеници која е формирана како одговор на кинеското ширење на интереси во светот (ИПАК) во главниот град на Тајван, Тајпеј.  МКД.мк завчера прв објави дека Кинеската амбасада во Скопје ургирала пратениците Антонио Милошоски и Фатмир Битиќи да го откажат учеството на Самитот во Тајван.

Објавено на

часот

Сподели

„Учеството на потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, на овој т.н. Самит за Кина, кој се одржува во Тајпеј, град во Тајванската провинција на Народна Република Кина, е дипломатски несмасно и неумесно, а во крајна линија со потенцијал дополнително да ја загорзи меѓународната позицијата на Македонија. Самото членување на пратеници од нашето Собранието во оваа неформална т.н. Интерпарламентарна алијанса за Кина, е неприфатливо и надвор од рамките на политиката на Кина, која впрочем е и официјална политика на Република Македонија, произлезена токму од важечките одлуки на ова Собрание“, истакна Исмаил.

Според Левица активностите на оваа алијанса не се насочени кон унапредување на билатералните односи за економска или некаква друга слична соработка, а најмалку се од интерес на Македонија. Исмаил истакна дека оваа Алијанса е само алатка за провокација на Кина со тоа што нејзините активности се во поддршка и промоција на сепаратизмот и сецесионизмот во Тајпеј.

„За крај, би сакал да ги потсетам сите избрани пратеници на Собранието, а посебно оние од мнозинството предводено од ДПМНЕ, дека во едно и не така далечно минато, Влада предводена токму од ДПМНЕ, поради слична авантура со Тајван, со слични непотребни и беспредметни непријателски и малициозни политички одлуки против Народна Република Кина – земја која секогаш давала принципиелна поддршка на Македонија – направи безбедносна штета што влијаеше во 2001 година да биде загрозен и доведен во прашање самиот опстанок на државата“, рече Исмаил.

МКД.мк завчера прв објави дека Кинеската амбасада во Скопје ургирала пратениците Антонио Милошоски и Фатмир Битиќи да го откажат учеството на Самитот во Тајван.

Неформалната група на пратеници фокусирана на одговор на ширењето на сферите на интерес на Кина низ светот (ИПАК) остро одговори на кинескиот притисок врз пратеници од светот, меѓу кои и двајцата македонски пратеници Антонио Милошоски и Фатмир Битиќи да не одат на четвртиот годишен Самит кој годинава се одржува во Тајпеј, Тајван.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ