четврток, 31 октомври 2024

Левица ќе „брка“ пратеници во сите шест изборни единици

Под слоганот „Гласај за да се прашува Македонецот!“, Левица на претстојните парламентарни избори ќе се бори во сите шест изборни единици,објави партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Во Првата изборна единица носител на листа е претседателот на партијата и актуелен пратеник Димитар Апасиев, во Втората изборна единица е портпаролот на партијата Амар Мециновиќ, во Третата изборна единица актуелниот пратеник Борислав Крмов, во Четвртата изборна единица Сашко Јанчев, советник во Општина Гевгелија, во Петата изборна единица Јована Мојсоска, генерален секретар на партијата, додека во Шестата изборна единица прв на листата за парламентарните избори е Игор Димески, советник во Општина Центар.

Освен на парламентарните, Левица ќе учествува и на претседателските избори. Тие први обзнанија дека ќе ја поддржат универзитетската професорка Билјана Ванковска која го собра потребниот број потписи и која вчера и официјално ја предаде кандидатурата во Државната изборна комисија.

Парламентарните избори ќе бидат на 8 Мај, а претседателските на 24 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ