четврток, 31 октомври 2024

Левица ги објави носителите на изборните листи

Левица ги објави носителите на изборните листи на партијата за сите шест изборни единици. Партијата во соопштението нагласува дека станува збор за неподмитливи лица и „единствените, од севкупниот избор, кои немаат нанесена штета врз државата“.

Објавено на

часот

Сподели

Носител во ИЕ 1 – Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на Левица, пратеник во Собранието на Република Македонија, доктор на правни науки, професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Носител во ИЕ 2 – Амар Мециновиќ, портпарол на Левица, член на Президиумот на Партијата и член на Советот на Град Скопје, активист за социјална правда и сочувување на животната средина.
Носител во ИЕ 3 – Борислав Крмов, пратеник во Собранието на Република Македонија, член на Президумот на Левица и долгогодишен борец за социјална правда.
Носител во ИЕ 4 – Сашко Јанчев, магистер по кривично право, член на ЦК и советник на Левица во Општина Гевгелија. Повеќегодишен борец за заштита на животната средина со фокус на југот на државата и борбата за Кожув да е национален парк.
Носител во ИЕ 5 – Јована Мојсоска, дипломиран криминолог по финансиски криминал, генерален секретар на Левица и долгогодишен борец за социјална правда и заштита на животната средина и животните.
Носител во ИЕ 6 – Игор Димески, раководител на Сектор за енергетика и советник на Левица во Општина Центар.
„Еднаш засекогаш ќе ги предизвикаме политичките елити кои управуваат со нашите животи и ќе ја вратиме политиката моќ во рацете на работничката класа! Нашите носители и идни пратеници во Собранието на Република Македонија ќе бидат гласот на народот во Собранието, како што докажаа и нашите досегашни пратеници.
Од нас сите зависи силата со која ќе го вратиме ударот и судбината која сами ќе ја создадеме. Никогаш повеќе да не владеат над нас криминалот, корупцијата и профитот“, се вели во соопштението на Левица.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ