недела, 20 октомври 2024

Летното сметање на времето завршува утре

Летното сметање на времето завршува утре изутрина во 03:00 часот, поместувајќи се еден час наназад, со што почнува зимското сметање на времето.

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00 min 00 s се смета како 02h 00min 00s. Согласно Одлуката, започнува зимско сметање на времето“, се наведува во соопштението од Министерството за економија.

Законот за сметање на времето налага потреба од донесување на Одлука за воведувањето на летното сметање на времето.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ