вторник, 22 октомври 2024
НБА

Лејкерс и Индијана ќе играат во финалето на првиот НБА куп (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс и Индијана ќе играат во историското, прво финале во НБА купот, меч кој ќе се одигра во Лас Вегас каде синоќа се одржаа и полуфиналните натпревари.
 

Објавено на

часот

Сподели

Викендов НБА ќе го добие првиот победник во купот, натпреварување кое е воведено од оваа сезона, а за трофејот ќе се борат Индијана и Лејкерс.

Во неизвесен меч и по голема борба Индијана го совлада Милвоки со 128-119. Клучен беше последниот период кој Пејсерс го добија со 37-25.

Халибартон со 27 поени и 15 асистенции беше предводник кон победата во тимот на Индијана, најдобар на теренот беше ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо кој реализираше 37 поени.

Лејкерс го прегази Њу Орлеанс за пласман во финалето, тимот од Лос Анџелес победи со 133-89.

Леброн Џејмс постигна 30 поени и беше најефикасен на теренот, најдобар кај Њу Орлеанс беше Марфи со 14 поени.

Финалето се игра сабота према недела во 2:30 часот после полноќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ