среда, 23 октомври 2024

Лефков: Наместо да му ја одземат лиценцата, Ахмети добивал милионски тендери

Македонија е ограбена држава. Дрин Ахмети добивал милионски тендери, го оштетил Буџетот и Владата на СДС и ДУИ требало да му ја одземе лиценцата, изјави денеска Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Дрим Ахмети преку Еверст ЏД, со која експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и ѝ платил на државата, наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола под закрила на Министерството за економија на Крешник Бектеши продолжил да работи, и како таков да ниже милионски тендери, тврди Лефков.

„Затоа што Бектеши не му ја одзел концесијата на Дрин Ахмети, иако требал и морал, тој сепак продолжил да работи и како таков добивал тендери. Имено фирмата се јавува како носител на договори за јавни набавки во државните институции ЕСМ во вкупен износ од 7.670.000 денари со вклучен ДДВ и договор за јавна набавка кај Водовод и канализација – Прилеп во вкупен износ од 944.000 денари со вклучен ДДВ. Над 8 ипол милиони денари се тендерите кои ги добила фирмата на Ахмети, а на кои немало да учествува ако Владата на СДС и ДУИ и Крешеник Бектеши постапеле по закон“, вели Лефков.

Според него, власта на СДСМ и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, но и покрај тоа ѝ овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи.

„Вака изгледа кога институциите не работат за граѓаните, туку за елитите на власт. Ова време заврши, затоа се сѐ погласни во лагите и клеветите и СДС и ДУИ. Но колку и да лажат и клеветат, мора да знаат дека одговорноста за секоја нерегуларнорност која ја направиле доаѓа“, вели Лефков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ