„Важно е да се напомене дека оваа фирма на Ахмети лиценцата за експлоатација на минерални суровини ја добила во 2005 година, исто така во време на влада на СДС и ДУИ.
За 11 години потоа, исто во време на СДС и ДУИ, кога со Министерството за економија раководи кадар на ДУИ истата да може да експлоатира минерални суровини, без прецизно да ги наведе количините кои се ископани, а со тоа и да плати помалку кон Буџетот.
Очигледно е дека пипците на Ахмети оделе длабоко, па за непречено да работи Дрин, да копа колку сака, и плати колку сака, а не толку колку што мора, својата службена положба ја злоупотребиле Ф.Ч. (54) од Дебар, Е.Љ. од Теарце-Тетово, Ј.К. од Тетово, А.М. од Скопје, К.Ш. од Скопје, Ф.А. од Куманово, и Ф.Р. од Скопје. Истите заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата”, се гонат по чл.353-в од КЗ.
Доколку горенаведените постапеле согласно закон, концесијата за експлоатација на Дрин Ахмети требало да биде одземена, а тој да биде изведен пред суд по пријава на самото министерство. Но како министерството на Крешник Бектеши да го гони внукот на Ахмети, кој таму го поставил?
Ова е моделот како СДС и ДУИ работеа со институциите, не за граѓаните, туку за своите семејства и блиски. Одговорност за ова мора да има, за никогаш да не се повтори“, рече Миле Лефков.