петок, 18 октомври 2024

ЛДП: Ѓубре и смрдеа насекаде! Има ли Скопје градоначалник?

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува остра реакција за нехигиената во главниот град, истакнувајќи дека насекаде се забележува отпад, од кој, поради високите температури, се шири неподнослива миризба.

Фото: ЛДП

Објавено на

часот

Сподели

„Ужаснати сме од глетката со сметот во главниот град. Контејнерите се преполни, а улиците се многу валкани. Оваа состојба, покрај тоа што ја уништува сликата за Скопје, предизвикува и штети врз животната средина, како и врз здравјето на луѓето“, потенцираат од ЛДП.

Од партијата изразија огромна загриженост за проблемот и апелираат одговорните институции веднаш да преземат чекори во насока на решавање на истиот.

„Навистина е време да се работи во интерес на граѓаните и секој да си ги исполнува своите одговорности. Дали овој град има надлежни институции кои работат соодветно под директива на градоначалникот? Дали Скопје воопшто има градоначалник кој ги исполнува своите надлежности?“, наведоа од ЛДП.

Либерал-демократите нагласија дека крајно време е да се посвети внимание на унапредување на хигиената и на создавање на чисто и подобро Скопје.

„Ги повикуваме граѓаните гласно да говорат за овој сериозен проблем и сите обединети да се спротивставиме на нечистотијата. Упатуваме апел до градоначалничката Арсовска да ја разбере сериозноста на проблемот и да преземе дејствија, согласно законите“, се вели во реакцијата од ЛДП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ