вторник, 22 октомври 2024

ЛДП: Да престане партиската поделба на раководните функции во здравството

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочуваат од Советот на ЛДП, одлука за разрешување може да се донесе, но истата треба да биде поткрепена со сериозни аргументи за злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи изјавите со паушални обвинувања кон раководните лица на јавните здравствени установи не придонесуваат за надминување на состојбите во здравството.

„Воедно повикуваме да се престане со партиската поделба на раководните функции во јавните здравствени установи и да се овозможи овие позиции да бидат достапни за сите оние кои се истакнуваат со стручност, компетентност и моралност во извршувањето на одговорната улога на прв човек во јавна здравствена установа“, додаваат од Советот.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ