петок, 18 октомври 2024

Лазовски: Верувам во момците, одиме на олимписка виза

Објавено на

часот

Сподели

„Им благодарам на тие што сметаа дека имам квалитет да седнам на селекторската фотелја. Тоа е чест, но и обврска. Мислам дека петгодишното искуство како помошник на досегашните селектори ми дава одлична перспектива на функционирањето на националниот тим. Нема да ми треба време за приспособување, односно веднаш ќе продолжиме онаму каде што застанавме“, ни изјави Лазовски.

Лазовски, кој од пред неколку месеци е прв тренер на Работнички, а во својата досегашна кариера меѓу другите бил предводник на Вардар, МЗТ Скопје, Торус…, се надева дека ќе ги продолжи серијата успешни резултати што почнаа со деветтото место на ЕП 2009 во Полска, а кулминираа со четвртата позиција на ланскиот континентален шампионат во Литванија.

„Нема да ни биде лесно во Венецуела. Но имаме одличен тим, проверен систем на работа, кој верувам дека и во иднина ќе носи резултати. Добро ги познавам играчите, а и тие ме знаат мене. Однапред не се предаваме и сигурен сум дека ќе сториме сè за во Венецуела на претквалификацискиот турнир да дојдеме до едно од првите три места“, го заврши Лазовски првиот разговор со медиумите како селектор на Македонија, функција што, сепак, треба да биде официјализирана до крајот на неделава.

Игор Крстевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ