сабота, 19 октомври 2024

Лазаров: Овде сме како дома, ама и тоа не е лесно

Објавено на

часот

Сподели

„Ние се чувствувавме како дома, но и тоа не е лесно. Оптоварувањето е големо. Очекувањата во Македонија се големи. Ние сме добри како тим, ама не сме голема селекција. За да бидеме голема, ни треба континуитет на учества на големите натпреварувања. Но задоволен сум од тоа како одработивме. Ако против Шведска се чувствувавме како да сме дома, утре ќе ни биде уште „поудобно“, рече Лазаров.

Ние сме добри како тим, ама не сме голема селекција: Кире Лазаров

Нашиот најдобар ракометар вели дека утрешниот меч со Германија треба да биде полесен од синоќешниот со Шведска.

„Шведска игра побрза одбрана, многу се добри, едвај се пробиваат. Германците не се такви. Со нив можеме полесно да излеземе на крај. Оптимист сум, особено по тоа што го покажавме со Шведска“, дополни нашиот најдобар ракометар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ