петок, 22 ноември 2024

Лавров: Зеленски се уплаши од руската ракета, ја почувствува реалноста на своја кожа

Одговорот на Русија и испукувањето на балистичката ракета „орешник“ со конвенционална хиперсонична боева глава го уплаши Володимир Зеленски, кој веднаш ги обвини западните сојузници дека го оставиле разоружан пред Русија, порача шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на конференција за медиумите, по состанокот на министерствата за надворешни работи на Белорусија и Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е, веројатно, добар резултат, бидејќи Зеленски е барем поблиску до реалноста, ја почувствува на своја кожа“, оцени Лавров.

„Оние кои наводно на Зеленски му дозволиле користење на оружје со долг дострел, всушност самите себеси си дозволија да напаѓаат длабоко во територијата на Русија“, истакна рускиот министер и потсети дека рускиот претседател Владимир Путин детално објасни дека без учество на НАТО во лансирањето на ваквите ракети „ниедна не би можела да полета“.

Според него, одлуката на американскиот претседател Џо Бајден и администрацијата во заминување да ѝ дозволи на Украина со ракети АТАКМС да нападне руска територија, како и таа на Лондон за користење на ракетите СКАЛП и „сторм шедоу“, укажуваат на желба на новата власт на чело со претседателот Доналд Трамп да ѝ се остави лошо наследство.

„Се чини дека тоа е традиција на демократите“, укажа рускиот министер и потсети на 2016 година кога Барак Обама пред заминувањето и доаѓањето на Трамп во Белата куќа протера десетици руски дипломати.

Тој од нив побара да ја напуштат земја на ден кога од Вашингтон немало директни авионски летови, па руските дипломати со своите семејства и мали деца со часови патувале до Њујорк, потсети Лавров.

Додаде дека Обама „украл“ пет објекти на руската дипломатска мисија и дека до денес на руските дипломати не им е овозможен пристап.

На тој начин на Трамп во првите недели во Белата куќа му беа нарушени плановите за остварување нормален дијалог со Русија, наведе Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ