четврток, 24 октомври 2024

Лавров: Западот ја гази Повелбата на ОН во врска со Косово

Обединетите нации остануваат единствената платформа за универзална интеракција меѓу земјите, а принципите поставени во нејзината Повелба се поактуелни од кога било, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на состанокот со претставници на невладините организации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на руската дипломатија оцени дека сите неволји, проблеми, кризи не се поврзани со тоа што ОН „не се снаоѓаат“, како што велат некои, туку затоа што Повелбата на ОН не се спроведува или, ако се спроведува, тоа се прави на едностран начин.

„Западот бира како од мени. Во еден случај, принципот на заштита на суверенитетот, како што тоа го направи со одбивањето да се признае апсолутно транспарентниот референдум на Крим, а во друг случај, тој се раководи од принципот на самоопределување на нацијата, како во случајот со Косово“, потсети Лавров и истакна дека „Западот кажа дека тоа е право на народот, запишано во Повелбата на ОН“.

Тој додаде дека периодот на формирање поправедна меѓународна архитектура ќе биде долг.

„Периодот на формирање меѓународна архитектура, која ќе биде поправедна и која ќе се заснова на неколку центри на моќ, ќе биде долг. Не станува збор за центри кои некој ги именувал, туку оние кои се формираат благодарение на објективниот тек на нештата, економскиот раст и финансиската моќ кои ги стекнуваат со развојот на своите економии“, напомена тој.

Рускиот министер за надворешни работи посочи дека Русија и големо мнозинство земји поддржуваат рамноправен, демократски светски поредок заснован на принципите на Повелбата на ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ