вторник, 22 октомври 2024

Лавров се врати како што дојде, преку Грција и Турција

Објавено на

часот

Сподели

Лавров во Скопје присуствуваше на пленарната седница на Советот на министри на ОБСЕ и оствари повеќе билатерални и трилатерални средби со сегашниот и идниот претседавач со ОБСЕ, односно со министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи и министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг.

Повеќе од 100 новинари ширум светот присуствуваа на прес-конференцијата на шефот на руската дипломатија, која траеше околу еден час и 15 минути.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја осуди одлуката на Бугарија како „апсурдна и глупава“. Во Бугарија во тек се жестоки политички расправи поради одлуката на владата да не го дозволи прелетот на владиниот авион на Руската федерација. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ