петок, 18 октомври 2024

Лавров: Се поблиску сме до заедничко производство на оружје со Индија

Русија и Индија постигнаа конкретен напредок во разговорите за плановите за заедничко производство на воена опрема, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по разговорите со индискиот колега Субрахмањам Џаишанкар во Москва.

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференција Лавров ваквата соработка ја нарече стратешка и рече дека е во интерес на двете земји и дека ќе помогне да се осигури безбедност на евроазискиот континент. Тој рече дека Москва ја почитува желбата на Индија да ја прошири својата листа на добавувачи на воена опрема, но исто така е подготвена да ја поддржи желбата на Њу Делхи да произведува работи што и се потребни на Индија во Индија.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека за подоцна во текот на денот е договорена средба меѓу Џаишанкар и рускиот претседател Владимир Путин.

Џаишанкар рече дека следната година се очекува и средба меѓу Путин и индискиот премиер Нарендра Моди. Тој додаде дека со Лавров разговарал за конфликтите во Украина и Газа, како и за билатералната трговија и инвестиции.

Откако Западот воведе обемни санкции кон Москва во 2022 година поради војната во Украина, Индија стана еден од главните економски партнери на Русија. Имено, Русија пренасочи голем дел од извозот на нафта во Индија и ја зајакна дипломатијата во рамки на групата на нации БРИКС, група за економска соработка основана од двете земји, во која се и Бразил, Кина и Јужноафриканската Република.

Според Џаишанкар, вредноста на трговијата меѓу Индија и Русија се очекува да надмине 50 милијарди долари оваа година. Тој рече дека Њу Делхи има намера да потпише билатерален договор за инвестиции со Русија, како и договор за слободна трговија со Евроазиската економска унија предводена од Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ