четврток, 24 октомври 2024

Лавров: Нетанјаху нема да сопре додека не го уништи Хамас, а тоа е невозможно

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поставува целосното уништување на Хамас како клучен предуслов за прекин на огнот во Појасот Газа, но таа задача е нереална, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сè уште нема изгледи за сопирање на тоа крвопролевање. Израел, преку зборовите на премиерот Нетанјаху, порача дека нема да сопре додека Хамас не биде целосно уништен. Сметам дека е нереална задача целосно да се уништи организацијата која има доволно капацитет и доволно поддршка, вклучувајќи и од муслиманскиот свет“, им кажа Лавров на новинарите за време на посетата на Малезија.

Тој напомена дека некои земји се обидуваат да подготват нови компромисни предлози кои предвидуваат постепено сопирање на насилствата, „имајќи предвид дека Израел одбива моментален прекин на огнот“.

„Некои арапски земји, Египет, Катар, работата заедно со Американците, одржуваат и некои состаноци со Израелците. Не е баш точно дека самите Палестинци се исклучени од контактите кои имаат за цел на крајот да ја одредат нивната судбина. И во таа смисла ќе продолжиме да промовираме обнова на палестинското единство“, истакна шефот на руската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ