сабота, 19 октомври 2024

Лавров: НАТО во 1999 изврши отворена, брутална агресија на Југославија, на Србија без референдум ѝ беше одземено Косово

Објавено на

часот

Сподели

Дел од делегациите го бојкотираа неговиот говор во Скопје сакајќи да му порачаат на Кремљ дека бараат војната во Украина да сопре.

Лавров денес на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје ги обвини другите земји членки, конкретно Европската Унија и Соединетите Американски Држави, за лицемерие и непочитување на принципите на кои почива таа организација.

Шефот на руската дипломатија кажа дека ѝ се обраќа на „бриселската бирократија“ и наведе дека Европа „има проблем со фактите и објективноста“ и дека заклучоците кои ОБСЕ ќе ги донесе на дводневниот состанок во Скопје се „однапред подготвени“.

Го обвини ОБСЕ дека молчи кога во западните земји се загрозува слободата на медиумите и се спроведува репресија врз нив, а дека за тоа ја напаѓа Русија, дека стално се одбиваат барањата на Москва да се разговара за неонацистичките движења во Европа и Украина.

Лавров кажа дека ОБСЕ денес е „во лоша состојба“ и дека перспективата на организацијата е „нејасна“, оценувајќи дека таа е уништена во 1999 година со нападот на НАТО врз Југославија.

„Земјите од НАТО и ЕУ ја уништија воено-политичката димензија на ОБСЕ. НАТО во 1999 изврши нескриена, брутална агресија на Југославија, членка на ОБСЕ и ОН, а во 2008 година, кршејќи ја Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и принципот на неповредливост на границите во Европа, од Завршниот акт во Хелсинки, на Србија без каков било референдум ѝ беше одземено Косово“, истакна Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ