вторник, 22 октомври 2024
Прес-конференција на шефот на руската дипломатија

Лавров: Јас сум уште во Скопје, а кукавиците како Блинкен избегаа

Објавено на

часот

Сподели

„Се обидоа со фотографии од вечерата да ме претстават како изолиран овде во Скопје. Но јас имав  прекрасна вечера со македонски вина и јадења и бев присутен на утринското официјално отворање на собирот на ОБСЕ. А немаше лица од Украина и Балтичките државни, Ниту пак беа Блинкен и Камерун, ниту Борел. Тие се само кукавици кои направија обид да ме изолираат“, рече Лавров.

Тој потоа нагласи дека ОБСЕ е во колапс и дека безбедноста на континентот е нарушена.

„Ние имаме цврсти докази дека западните држави не извлекле поуки, туку ги користат полугите на ОБСЕ за да ја обвинат Русија и да воведат санкции кон нас. Ние бевме единствениот глас на разумот дека ОБСЕ е формирана заради соработка за безбедност. Се е уништено во политичката сфера, се одбива да се усвои конвенција за оружјето, како и бројни договори за постигнување на безбедност и стабилност и намалување на оружјето на европската сцена“, рече Лавров.

Тој оцени дека Западот деструктивно делува и не ги почитува носечките начела на Организацијата.

„Македонското претседателство со ОБСЕ одбра добар слоган дека се работи за луѓето. Верувам кога велиме за луѓето, но за сите граѓани и за тие кои не се наши граѓани. И за нашите граѓани во Естонија и Латвија. Има четири лица кои ги водат структурите за човекови права и гледам голема нервоза кај нив. Не ми е грижа за нивните стравувања за мандатите. Важно е дека се кршат принципите на човековите права“, рече Лавров.

На прашањето за уцените од Бугарија кон Македонија во однос на евроинтеграцијата, Лавров рече дека не е стручњак  за односите меѓу Македонија и Бугарија.

„Македонските граѓани имаат целосно право да делуваат рамноправно на нашиот заеднички континент. И ако даваме генерална оценка не само за односите со Бугарија, туку и на Балканот, би рекол дека на овие проблеми лежи однесувањето на Западот, кон поранешните југословенски држави, па и односот кон Словенија и Полска.

Знам дека имате тешкотии, имавте понижувачко име БРЈМ, знаеме и за името Северна, знаеме дека немате територијални претензии кон Грција и Бугарија. Но, самите треба да одлучите. Претседателот на македонското собрание сликаше албанско знаме на едно седиште во парламентот. Ги охрабрувам етничкитге групи на Балканот да живеат мирно и да не се приклучуваат кон западни санкции против Рујсија. Западот сака да ги подбуцнува народите против Русија. Народите на Балканот минаа тешки времиња, имаат заеднички код и не смеат да дозволат да бидат насочени едни против други. Во БиХ видовме дека три народи можат заедно да живеат.

Имаме пријателски чувства кон Македонија. Го гледам вашиот народ и ја чувстувам нивната топлина кон нас.

Сум бил и во Охрид. Фантастичен град. Се чувствував дека сум поблиску до Бога“, рече Лавров во еден дел од својата долга прес-конференција во Скопје.

                                                                                             П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ