Инаку, снимката што одеше и на националниот телевизиски сервис покажа дека автомобилот мерцедес во кој се наоѓаше Лавров, беше воден и придружуван по булеварот Илинден од повеќе возила на полицијата и на обезбедувањето.
Лавров во Скопје допатува синоќа, некаде по завршувањето на вечерата во хотелот Александар Палас, како неформален почеток на состанокот на ОБСЕ.
Некако во исто време синоќа, од Скопје си замина Антони Блинкен, државниот секретар на САД, со што отпадна можноста за директна средба и можеби историски договор за некое важно светско прашање токму од Скопје.
За неговото доаѓање Македонија го отвори небото, на барање на Македонија го отворија и Бугарија, Грција и Турција, но Лавров сепак ја одбегна Бугарија и во Скопје дојде преку Турција и Грција, бидејќи владата во Софија не дозволи „прелет“ на портпаролката Марија Захарова.
Вчера министерот и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи за телевизија Телма изјави дека практично Лавров не доаѓа во Македонија, туку во ОБСЕ и дека тој на Лавров ќе му каже отворено дека ја осудујва инвазијата на Русија врз Украина.