На средбата Лавров изразил благодарност за „урамнотежената позиција“ на Кина и подготвеноста да одигра позитивна улога, соопшти Министерството.
Ли, кој помина една деценија како амбасадор во Москва, беше на турнеја низ европските метрополи пред неговото патување во Москва, па минатата недела беше и во посета на Киев.
По тие разговори, Кина рече дека сака „да го формира најголемиот заеднички именител за решавање на украинската криза и да вложи свои напори за запирање на борбите, воспоставување прекин на огнот и враќање на мирот што е можно поскоро“.
Киев објави дека неговиот министер за надворешни работи му рекол на Ли дека нема да прифати предлог што вклучува губење на украинска територија или замрзнување на конфликтот.
Кинескиот план од 12 точки, објавен во февруари, претстави широки принципи, но не содржеше детална мапа на патот кон мирот. Ова предизвика скептицизам кај Западот, а НАТО рече дека Пекинг нема кредибилитет да посредува.
На состанокот со претставници на Европската Унија во четвртокот во Брисел, Ли рече дека Кина отсекогаш заземала објективна и фер-позиција за украинското прашање и активно ги промовирала мировните преговори.
Кина, која минатата година потпиша „неограничено“ партнерство со Русија на помалку од три недели пред рускиот напад врз Украина, не само што се воздржува од критикување на Москва, туку и драматично го зголеми увозот на руска енергија од почетокот на војната.
Кинескиот план за мир во Украина не вклучува повлекување на Русија од териториите што ги зазеде, што е клучно за Украина.