Лавата се разлеала по улиците на градот и покрила дел од една куќа која се запалила, пренесува Би-би-си.
🇮🇸 Icelandic people are not having a #SundayFunday !! Footage of the lava flow approaching the town of Grindavík, in Iceland near the capital Reykjavík.pic.twitter.com/iw18giZwOB
— Total Randomness (@totalrondom) January 14, 2024
Јавниот сервис РУВ јави дека куќата била празна и пред евакуацијата. Ерупцијата се случи утринава на југозападот на Исланд, во близина на градот Гриндавик, на чиј полуостров Рејкјанес од 2021 година имало пет ерупции на вулкани.
🚨 Grindavik crisis: New fissures threaten homes!
#Iceland pic.twitter.com/wXwm9oZaHW— Iyarkai (@iyarkai_earth) January 14, 2024
Населението на Гриндавик, околу 4.000 луѓе, претходно беа евакуирани поради значителната сеизмичка активност, а цивилната одбрана го крена нивото на опасност во тоа подрачје на вонредно. Во близина на Гриндавик се наоѓа и туристичката атракција, геотермалната бања Сина лагуна, каде исто така е евакуиран хотелот.
Reykjanes volcano update: lava flows cut main road to Gríndavik, first houses have already been destroyed. pic.twitter.com/RlWRRplwFj
— The Watchmen Earth and Space Connection (@TWESC2023) January 14, 2024
Последната ерупција на полуостровот Рејкјанес почна на 18 декември минатата година во вулканскиот систем Свартсенги, по комплетната евакуација на Гриндавик и затворањето на Сина лагуна. Гриндавик при последната ерупција во декември беше поштеден од штета, бидејќи лавата течеше во друга насока одминувајќи го градот.