вторник, 22 октомври 2024

Лани починале 20.187 лица, дури 1.976 смртни случаи во јануари

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените во земјава во 2023 година изнесува 20.187 и е намален за 10.1 % во однос на претходната година. Според месецот на смртта, најголем број случаи се во јануари – 1.976.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Поголем број од умрени се од машки пол, и тоа 10.640 или 52.7 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество во вкупниот број умрени изнесува 0.1 % на 100 умрени лица.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.1 години, односно 76.5 години кај лицата од женски пол или за 4.4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Најчестата причина за смртта се болести на циркулаторниот систем и тоа
43.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите со 18.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 7.2 %, болестите на респираторниот систем се застапени со 4.7 %.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ