недела, 20 октомври 2024

Лајчак во Давос ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак во Давос ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти, објави денес портпаролот на ЕУ Петер Стано.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој за Танјуг кажа дека Лајчак ќе учествува на годинешниот Светски економски форум во Давос и дека ќе има одвоени средби со двајцата лидери, прецизирајќи дека ќе бидат посебни состаноци со секој од нив и дека нема да има трилатерална средба.

„Нема да има никаква заедничка трилатерална средба во рамки на дијалогот, вклучувајќи состанок на високо ниво (кој секогаш го организира високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, кој оваа година нема да биде во Давос) а кој се одржува само во Брисел“, наведе Стано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ