среда, 30 октомври 2024

Лајчак е оптимист околу напредокот во важните прашања во дијалогот на Косово и Србија

Претставникот на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак изјави дека е оптимистичен во врска со релативниот напредок постигнат околу некои важни прашања за време на состанокот на главните преговарачи минатата недела во Брисел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Главните преговарачи на Приштина и Белград Бесник Бислими и Петар Петковиќ на тројниот состанок со Лајчак на 24 октомври во Брисел не постигнаа договор за тоа како понатаму на патот на нормализацијата на односите, но договориле некои други прашања.

Лајчак на 29 октомври на Фејсбук напиша дека, иако не се постигнати никакви резултати на патот на спроведувањето на договорот од 2023 година, „оптимист сум дека е постигнат одреден напредок во некои важни прашања, на кои ќе продолжиме да работиме следните недели“.

По состанокот минатата недела Бислими објави дека страните се договориле околу некои прашања, вклучувајќи формирање работна група која ќе усогласи околу 20 ветеринарни сертификати кои се користат на административните премини меѓу Косово и Србија.

Косово во минатото ја обвинуваше Србија за попречување на транзитот на косовска роба и работењето преку српската територија, бидејќи Белград не го признава фитосанитарниот сертификат кој го издава Приштина.

Кажа и дека Лајчак за време на состанокот го известил дека Србија се обврзала до крајот на следниот месец да бидат пуштени интерконекциските водови, што бил енергетски договор од 2022 година.

Средбата минатата недела беше прва тројна средба на Бислими и Петковиќ во повеќе од три месеци, но повторно не успеаја да постигнат договор за тоа како понатаму на патот на нормализација на односите на двете земји.

Српскиот главен преговарач Петковиќ кажа дека Белград не бега од обврските кои произлегуваат од основниот договор, но дека Приштина треба да тргне прва, почнувајќи од формирањето на Заедницата на српски општини.

Косово инсистира дека прво треба да се потпише договорот, иако ЕУ вели дека тој е обврзувачки за двете страни без оглед на потписот, и ја обвинува Србија дека сака само делумно да се спроведе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ