сабота, 19 октомври 2024

Квалитет и цени на становите во Македонија во 2024 година

Темата „стан” во Македонија, но посебно во главниот град Скопје е широка и многу комплицирана тема, особено после 2020 година кога цените на становите во некои скопски населби, како Центар, Карпош, Кисела Вода…, пораснаа дури за 40% . Но лошата страна е во тоа што и покрај високите цени, за голем дел од становите и покрај инфлацијата може да се каже дека вредат за таа сума, а има станови со многу висока цена, но не и вредност на станот во однос на квалитетот на градбата.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е случај и кога се огласува самиот стан на познатите сајтови за огласување како Pazar3, потоа на веб страниците на самите агенции за недвижности со наслови „луксузен стан”, а во него мебел од 1992-ра.

Станови во Охрид

Самата помисла „стан во Охрид” асоцира на енормно високи цени и трошоци како за самиот стан, така и за негово одржување или реновирање. Во Охрид може да најдете станови од квалитетна градба, релативно нови, но има и станови од пред 30-40 години кои се релативно одржани. Проблемот при продажбата или изнајмувањето на становите доаѓа кога не се прикажува реалната слика. Треба да се има една граница или рамнотежа на тоа што се продава да биде по реална цена.

Во Охрид за разлика од Скопје продажбата е сепак на второ место. Како туристички центар тука луѓето главно ги изнајмуваат своите станови, апартмани и соби. Цените за купување на стан во Охрид се движат од 1.000 до 2.000 евра за квадрат.

Продажба на станови во другите градови низ Македонија

За разлика од Скопје и Охрид, во останатите градови цените на становите се релативно пониски. Нормално, цените варираат во однос на тоа каде се наоѓаат, во која населба, дали се во близина на некој трговски центар, училиште, кино… Секако зависи и тоа дали се изградени во блиско минато или години наназад, потоа голема улога игра и мебелот дали е футуристички и елитен или мебел кој веќе застарел со текот на годините. Како пример може да се земе и Битола каде што становите на познатиот „Широк сокак” се релативно поскапи и се движат по околу 1.200 евра за квадрат.

Исто така цените во Штип, покрај факултетите, се движат од 850 до 1.200 евра за квадрат. Ова е навистина висока цена за луѓето со помали примања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ