вторник, 22 октомври 2024
Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: Пензионерите со пензии до 19.000 денари ќе добваат парична помош

Објавено на

часот

Сподели

„Со овие мерки опфатени се над 187.000 пензионери. И ова е само дел од низата мерки што како Владата на СДСМ ги реализира за пензионерите. СДСМ вистински се грижи за пензионерите. Преку системски мерки и со методологијата за усогласување на пензиите од септември 2022 година досега минималната пензија е зголемена за 25 проценти.

Со новата методологија на пресметка на пензиите, пензиите веќе пораснаа за повеќе од 5.000 денари. Ако се спореди со 2016 година, во време на ДПМНЕ, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, или нешто над 200 евра.

Во време на СДСМ, оваа 2023 година, просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари. Тоа е зголемување од околу 6.000 денари од страна на СДСМ, односно 50% повеќе од ДПМНЕ.  Минималната пензија, којашто во 2016 година во време на ДПМНЕ беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари. Со СДСМ покачена за 4.000 денари или за 50%. Линеарните покачувања на пензиите од страна на ДПМНЕ беше само по 600 денари, сите други пари ДПМНЕ ги трошеше за споменици, стиропор, жални врби.

СДСМ ја воведе и социјалната пензија. Граѓаните над 65 години, кои немаат никаков приход, и не можат по друг основ да остварат пензија сега имаат право на тоа. СДСМ континуирано на дело покажува вистинска грижа за пензионерите и така и ќе продолжиме“, рече портпаролката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ